После пет години од убиството: Шестмина полицајци обвинети за смртта на еден Афроамериканец

Шестмина швајцарски полицајци обвинети за смртта на Афроамериканец денеска се појавија на суд. Жртвата доживеала фатален срцев удар додека била „прикована“ на земја од полициски службеници. Полицајците се обвинети за „убиство“ на Мајк Бен Питер, 39-годишен Нигериец, во Лозана во 2018 година. Смртта на Бен Питер предизвика протести на активисти... Текстот После пет години од убиството: Шестмина полицајци обвинети за смртта на еден Афроамериканец е превземен од А1он.

После пет години од убиството: Шестмина полицајци обвинети за смртта на еден Афроамериканец

Шестмина швајцарски полицајци обвинети за смртта на Афроамериканец денеска се појавија на суд.

Жртвата доживеала фатален срцев удар додека била „прикована“ на земја од полициски службеници.

Полицајците се обвинети за „убиство“ на Мајк Бен Питер, 39-годишен Нигериец, во Лозана во 2018 година.

Смртта на Бен Питер предизвика протести на активисти кои ја обвинија швајцарската полиција за институционален расизам, што полицијата го негираше.

Во обвинението се наведува дека Бен Питер не ги исполнил барањата на полицијата и дека полицајците употребиле бибер спреј и удари со колена по ребрата и меѓуножјето за да го натераат да легне на земја и да му врзат лисици, додавајќи дека тој продолжил да дава отпор додека неколкумина полицајци го држеле со лицето надолу.

Полицајците се соочуваат со максимална казна затвор од три години доколку бидат прогласени за виновни.

Текстот После пет години од убиството: Шестмина полицајци обвинети за смртта на еден Афроамериканец е превземен од А1он.