Русите го признаа новиот успех на украинската офанзива: „Го зазедоа местото, се вкопуваат“

Украинските сили ја презедоа контролата врз селото Пјатихатки на фронтот Запорожје, призна локален функционер назначен од Русија. Ова е прв успех на Украина на тој фронт откако ја започна својата контраофанзива на почетокот на овој месец. Владимир Рогов изјави дека украинските сили го зазеле селото Пјатихатки додека биле под оган... Текстот Русите го признаа новиот успех на украинската офанзива: „Го зазедоа местото, се вкопуваат“ е превземен од А1он.

Русите го признаа новиот успех на украинската офанзива: „Го зазедоа местото, се вкопуваат“

Украинските сили ја презедоа контролата врз селото Пјатихатки на фронтот Запорожје, призна локален функционер назначен од Русија. Ова е прв успех на Украина на тој фронт откако ја започна својата контраофанзива на почетокот на овој месец.

Владимир Рогов изјави дека украинските сили го зазеле селото Пјатихатки додека биле под оган од руската артилерија и дека таму се вкопувале.

Непријателските офанзиви „бранови“ дадоа резултати и покрај огромните загуби“, рече Рогов на апликацијата Телеграм. Тешките борби продолжуваат во областа, додаде тој. Засега нема коментар од Украина, а Ројтерс не може самостојно да ја потврди ситуацијата на бојното поле.

Русија вели дека им нанесува големи загуби на силите на Киев, а претседателот Владимир Путин минатата недела изјави дека Украина „нема шанси“ да успее во контраофанзива.

Украина минатата недела соопшти дека ја вратила контролата на околу 100 квадратни километри територија за нешто повеќе од една недела, со што повторно освоила голем број села во источниот регион Доњецк.

Текстот Русите го признаа новиот успех на украинската офанзива: „Го зазедоа местото, се вкопуваат“ е превземен од А1он.