Пронајден мртов затвореник во „Идризово“ – отслужувал 11 годишна казна

50-годишен затвореник кој отслужувал затворска казна во Идризово бил пронајден починат утринава. Според информациите на А1он затвореникот бил пронајден доцна во ноќта во полуотвореното одделение во затворот и веднаш била повикана брза помош. Од МВР за А1он го потврдија случајот и велат дека кај затвореникот првично немало траги на насилство.... Текстот Пронајден мртов затвореник во „Идризово“ – отслужувал 11 годишна казна е превземен од А1он.

Пронајден мртов затвореник во „Идризово“ – отслужувал 11 годишна казна

50-годишен затвореник кој отслужувал затворска казна во Идризово бил пронајден починат утринава.

Според информациите на А1он затвореникот бил пронајден доцна во ноќта во полуотвореното одделение во затворот и веднаш била повикана брза помош.

Од МВР за А1он го потврдија случајот и велат дека кај затвореникот првично немало траги на насилство.

„ На 06.06.2023 во 03.55 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во просторија во полуотвореното одделение бил пронајден починат затвореникот В.Л.(50) од Скопје, кој издржувал казна затвор од 11 години.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.„, велат од МВР

Текстот Пронајден мртов затвореник во „Идризово“ – отслужувал 11 годишна казна е превземен од А1он.