Пронајдено e телото на третиот член на екипажот на унгарскиот хеликоптер што се урна кај Дрниш

Пронајдено е телото на третиот член на екипажот на унгарскиот хеликоптер, соопшти Министерството за одбрана на Хрватска. „Телото на починатиот припадник на унгарските воздухопловни сили беше пронајдено во четврток во попладневните часови. Во хеликоптерската несреќа загинаа тројца членови на екипажот. Министерството за одбрана уште еднаш изразува длабоко сочувство до семејствата,... Текстот Пронајдено e телото на третиот член на екипажот на унгарскиот хеликоптер што се урна кај Дрниш е превземен од А1он.

Пронајдено e телото на третиот член на екипажот на унгарскиот хеликоптер што се урна кај Дрниш

Пронајдено е телото на третиот член на екипажот на унгарскиот хеликоптер, соопшти Министерството за одбрана на Хрватска.

„Телото на починатиот припадник на унгарските воздухопловни сили беше пронајдено во четврток во попладневните часови. Во хеликоптерската несреќа загинаа тројца членови на екипажот. Министерството за одбрана уште еднаш изразува длабоко сочувство до семејствата, колегите и пријателите на загинатите припадници на унгарските вооружени сили“, соопшти Министерството за одбрана.

Вчера воен хеликоптер се урна во кањонот Чикола, во близина на националниот парк Крк. Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ на прес-конференција во средата рече дека истрагата треба да започне наскоро. Роберт Храњ, началникот на Генералштабот, рече дека на хрватските истражители ќе им се придружат и унгарските.

Текстот Пронајдено e телото на третиот член на екипажот на унгарскиот хеликоптер што се урна кај Дрниш е превземен од А1он.