ВИДЕО: Српски цивил во 1991 стрелан со 25 куршуми, убиецот од Сисак бил клучен сведок

58-годишниот убиец од Сисак, Неџад Фетиќ, кој меѓу жителите беше попознат денеска повторно ќе биде сослушан во државното правобранителство и изведен пред истражен судија. Обвинителството бара да му биде изречена мерка притвор поради можност за повторување на делото. Фетиќ во саботата вечерта уби 45-годишна жена, тешко повреди уште четири лица... Текстот ВИДЕО: Српски цивил во 1991 стрелан со 25 куршуми, убиецот од Сисак бил клучен сведок е превземен од А1он.

ВИДЕО: Српски цивил во 1991 стрелан со 25 куршуми, убиецот од Сисак бил клучен сведок

58-годишниот убиец од Сисак, Неџад Фетиќ, кој меѓу жителите беше попознат денеска повторно ќе биде сослушан во државното правобранителство и изведен пред истражен судија. Обвинителството бара да му биде изречена мерка притвор поради можност за повторување на делото.

Фетиќ во саботата вечерта уби 45-годишна жена, тешко повреди уште четири лица и запали три куќи и два автомобили.

Од полицијата велат дека се уште е тешко да се зборува за мотивот на 58-годишникот кој со огнено оружје уби едно лице во Сисак, додека четворица се тешко повредени, а четворица биле лесно ранети. „Сè уште е тешко да се зборува за мотивот на сторителот и што го натерало да ги изврши овие тешки кривични дела, бидејќи од се што досега знаеме, немаше показатели кои би укажале дека нешто вакво може да се случи велат од хрватската полиција.

Полицијата вчера на прес објави дека Фетиќ бил казнет за прекршочно поседување пиштол пред околу 20 години. Пиштолот му бил одземен.

Судејќи според судските документи, Фетиќ бил клучен сведок на обвинителството во случајот со убиството на српската цивилка Рада Шпановиќ на 6 септември 1991 година. Според пресудата, хрватските војници ја зеле Шпановиќ од нејзината куќа во Чапраг и ја застрелале со 25 куршуми. За ова дело, според пресудата на Жупанискиот суд во Загреб, на неколку години затвор се осудени Мирко Шашо и Хасо Махмутагиќ.

Текстот ВИДЕО: Српски цивил во 1991 стрелан со 25 куршуми, убиецот од Сисак бил клучен сведок е превземен од А1он.