Пукање во училиште во Босна, еден повреден

Еден вработен е повреден во пукање во основно училиште во градот Луковац во Босна и Херцеговина. Пукал малолетен ученик кого полицијата го привела информираат босанските медиуми. Имено, утринава околу девет часот во основното училиште во Лукавац дошло до пукање во кое според првичните информации еден вработен е тешко повреден. Се... Текстот Пукање во училиште во Босна, еден повреден е превземен од А1он.

Пукање во училиште во Босна, еден повреден

Еден вработен е повреден во пукање во основно училиште во градот Луковац во Босна и Херцеговина. Пукал малолетен ученик кого полицијата го привела информираат босанските медиуми.

Имено, утринава околу девет часот во основното училиште во Лукавац дошло до пукање во кое според првичните информации еден вработен е тешко повреден. Се уште не е потврдено за кого точно се работи, со оглед на тоа дека според едни сознанија бил застрелан педагог, а според други наставник.

Како што официјално ни потврдија од УКЦ Тузла, пациентот О.Н. бил хоспитализиран поради прострелна рана во пределот на вратот. Во моментов е во тек операција.

Оваа информација за Klix.ba ја потврди и градоначалникот на Лукавац, Един Делиќ, посочувајќи дека пукањето го извршил ученик.

Како што ни изјави Делиќ, тој бил ставен под полициска контрола и веднаш приведен во полициска станица.

Исто така, пронајдено е и оружјето со кое го извршил нападот.

Неофицијално, се работи за ученик кој поради лошо однесување бил преместен од едно во друго основно училиште.

Полицијата се уште не соопштува детали за случајот, наведувајќи дека од терен се прибираат оперативни информации.

Текстот Пукање во училиште во Босна, еден повреден е превземен од А1он.