Путин зборуваше за украинската контраофанзива: Имаат катастрофални загуби и никаков успех

Рускиот претседател Владимир Путин ја коментираше украинската контраофанзива за време на телевизиско интервју во живо со руски воени новинари и блогери. Тој зборуваше за огромните украински загуби во последните денови. „Загубите се блиску до ниво што може да се смета за катастрофално“, рече тој за време на разговорот, додавајќи дека... Текстот Путин зборуваше за украинската контраофанзива: Имаат катастрофални загуби и никаков успех е превземен од А1он.

Путин зборуваше за украинската контраофанзива: Имаат катастрофални загуби и никаков успех

Рускиот претседател Владимир Путин ја коментираше украинската контраофанзива за време на телевизиско интервју во живо со руски воени новинари и блогери. Тој зборуваше за огромните украински загуби во последните денови.

„Загубите се блиску до ниво што може да се смета за катастрофално“, рече тој за време на разговорот, додавајќи дека загубите на Украина се десет пати поголеми од руските.

Според Путин, Украина на 4. јуни започнала „контраофанзива од големи размери, со употреба на резерви подготвени за таа цел“, во „неколку сектори“ на линијата на фронтот. Путин тврди дека контраофанзивата „не била успешна во ниту една област“.

Тој спомна два сектори на југот на Украина и еден на исток, без да го спомене Бахмут, каде што украинските сили пријавиле офанзиви во кои напредувале за стотици метри. „Непријателот не успеа во ниту една од тие зони. Претрпе „тешки загуби“, додаде Путин, тврдејќи дека половина од загубите на Украина се „неповратни“.

Тој, исто така, рече дека Киев изгубил „околу 25, а можеби и 30 отсто од опремата“ што Западот ја испратил во Украина, наведувајќи 160 тенкови и повеќе од 360 оклопни возила.

Од руска страна, тој ја призна загубата на 54 тенкови, „од кои некои ќе бидат поправени“.

Сепак, тој рече дека Русија можела „подобро да се подготви“ за нападите со беспилотни летала и артилериските напади на нејзината територија од Украина кои беа многубројни во последните неколку недели.

„Се разбира, мораме да ја зајакнеме границата. Можевме подобро да се подготвиме за ова“, рече тој, по упадот и нападот на руската област Белгород, на границата со Украина. Но, тој исто така рече дека во овој момент нема потреба од воведување вонредна состојба како што е прогласена во Украина.

Тој, исто така, рече дека Украина е одговорна за минатонеделното пробивање на браната Каховка, за кое рече дека е предизвикано од гранатирање од страна на украинските сили со системите HIMARS од САД.

Путин рече дека не гледа потреба од дополнителна мобилизација на луѓе за борба во Украина, но дека се зависи од тоа што Русија сака да постигне таму. „Некои јавни личности велат дека ни требаат милион или два милиони (војници). Зависи од тоа што сакаме“, рече тој.

Тој беше прашан и за главниот град на Украина, Киев, кој руските трупи не успеаја да го освојат на почетокот на инвазијата.

„Дали да се вратиме таму?“, беше одговорот на Путин.

Киев во понеделникот вечерта соопшти дека офанзивата на југот и на истокот на Украина за ослободување на териториите под руска окупација е „тешка“, но дека напредува, бидејќи селата на југот на земјата се ослободени.

Текстот Путин зборуваше за украинската контраофанзива: Имаат катастрофални загуби и никаков успех е превземен од А1он.