Распишана наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“

Општина Охрид по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Чинго“ и оваа година распиша конкурс за најдобар расказ. Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за... Текстот Распишана наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“ е превземен од А1он.

Распишана наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“

Општина Охрид по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Чинго“ и оваа година распиша конкурс за најдобар расказ.

Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адресата – Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака „За конкурсот за расказ“, а авторското право се докажува со четвртиот примерок.

Краен рок за доставување на трудовите е 31 овој месец, додека жири-комисијата резултатите од Конкурсот ќе ги објави во дневниот печат најдоцна до 8 август.

Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30 илјади денари, а истата на лауреатот ќе му биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ што во чест на писателот традиционално секоја година се одржува во неговото родно село Велгошти.

Текстот Распишана наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“ е превземен од А1он.