Рекордни јунски температури во Велика Британија

Минатиот месец беше најтоплиот јуни досега во Велика Британија, соопшти денеска Националната метеоролошка служба на земјата, предупредувајќи дека климатските промени предизвикани од човекот ги прават таквите рекордни температури поверојатни. Топлотните бранови кои соборуваат рекорди станаа глобална шема, а научниците предупредуваат дека напорите да се запре порастот на температурите не оди... Текстот Рекордни јунски температури во Велика Британија е превземен од А1он.

Рекордни јунски температури во Велика Британија

Минатиот месец беше најтоплиот јуни досега во Велика Британија, соопшти денеска Националната метеоролошка служба на земјата, предупредувајќи дека климатските промени предизвикани од човекот ги прават таквите рекордни температури поверојатни.

Топлотните бранови кои соборуваат рекорди станаа глобална шема, а научниците предупредуваат дека напорите да се запре порастот на температурите не оди добро за да се спречат катастрофалните ефекти од глобалното затоплување, објави Ројтерс.

Британската метеоролошка служба соопшти дека просечната јунска температура од 15,8 степени Целзиусови била највисока во последните 140 години, надминувајќи го претходниот рекорд од 14,9 степени, поставен во 1940 и 1976 година.

Минатата година, Британија го забележа својот најтопол ден досега кога температурата за првпат „скокна“ над 40 степени Целзиусови, предизвикувајќи нарушување на инфраструктурата како аеродромите и железницата и предизвикувајќи шумски пожари.

Опишувајќи го најновиот рекорд како знак за климатските промени, Метеоролошката канцеларија соопшти дека студијата на нејзините научници покажала дека шансите за јунски потопло од 14,9 степени Целзиусови најмалку се удвоиле од околу 1940 година.

Текстот Рекордни јунски температури во Велика Британија е превземен од А1он.