Русите гранатираа брод кој евакуираше луѓе поради поплави

Три лица загинаа, а 10 се ранети кога руските сили гранатираа брод со евакуирани лица од поплавената окупирана територија кон градот Херсон, кој е под контрола на Украина, објави Ројтерс. Гувернерот на регионот Херсон, Олександр Прокудин, објави нови информации за нападот на бродот со луѓе кои бегаат од поплавата. „Тројца... Текстот Русите гранатираа брод кој евакуираше луѓе поради поплави е превземен од А1он.

Русите гранатираа брод кој евакуираше луѓе поради поплави

Три лица загинаа, а 10 се ранети кога руските сили гранатираа брод со евакуирани лица од поплавената окупирана територија кон градот Херсон, кој е под контрола на Украина, објави Ројтерс.

Гувернерот на регионот Херсон, Олександр Прокудин, објави нови информации за нападот на бродот со луѓе кои бегаат од поплавата.

„Тројца цивили загинаа, уште десет лица се ранети, меѓу кои и двајца полицајци“, рече Прокудин. Седумдесет и четиригодишен старец се обидел со телото да ја заштити сопругата од експлозијата, бил застрелан во грбот и починал, напиша гувернерот на Телеграм.

Украинската полиција објави фотографии од спасувањето на цивилите кои беа нападнати додека се евакуираа од поплавената област во близина на Херсон.

Текстот Русите гранатираа брод кој евакуираше луѓе поради поплави е превземен од А1он.