Украина: Русите разнесоа уште една брана

Руските сили разнесоа брана на реката Мокри Јали во регионот Доњецк, предизвикувајќи поплави од двете страни на реката, изјави за Украинска правда Валери Шершен, портпарол на одбранбените сили на фронтот Таврија. „На реката Мокри Јали, окупаторите разнесоа брана што доведе до поплави на двата брега на реката. Сепак, тоа не... Текстот Украина: Русите разнесоа уште една брана е превземен од А1он.

Украина: Русите разнесоа уште една брана

Руските сили разнесоа брана на реката Мокри Јали во регионот Доњецк, предизвикувајќи поплави од двете страни на реката, изјави за Украинска правда Валери Шершен, портпарол на одбранбените сили на фронтот Таврија.

„На реката Мокри Јали, окупаторите разнесоа брана што доведе до поплави на двата брега на реката. Сепак, тоа не влијае на офанзивните операции на одбранбените сили на фронтот Таврија“, рече тој.

Портпаролот тврди дека Русите со уништување на браните се обидуваат да ја забават украинската контраофанзива.

„Прво окупаторите ја разнесоа акумулацијата Карливка, потоа хидроцентралата Каховка, потоа ги разнесоа и другите хидроцентрали во окупираниот дел на регионот Запорожје. Во Запорожје очекуваа пробив на вооружените сили, па за да ни го забават напредувањето, ја разнесоа хидроцентралата на реката Мокри Јали, но тоа не влијаеше на напредувањето на одбранбените сили“, изјави Шершен.

Тој исто така рече дека украинската армија на Таврискиот фронт премина од одбрана на напад. Ова ги донесе првите локални резултати во форма на ослободување на Блаходтна и напредување кон селото Урожаине.

Текстот Украина: Русите разнесоа уште една брана е превземен од А1он.