Русија ги евакуира децата од областа долж границата со Украина

Русија во средата почна да ги евакуира децата од градовите во близина на границата со Украина, кои беа под силен артилериски оган во последните денови, бидејќи Кремљ ја опиша ситуацијата како „алармантна“. Нападите се случуваат на руска територија во последните недели, а врвот беше во вторникот кога Москва беше нападната... Текстот Русија ги евакуира децата од областа долж границата со Украина е превземен од А1он.

Русија ги евакуира децата од областа долж границата со Украина

Русија во средата почна да ги евакуира децата од градовите во близина на границата со Украина, кои беа под силен артилериски оган во последните денови, бидејќи Кремљ ја опиша ситуацијата како „алармантна“. Нападите се случуваат на руска територија во последните недели, а врвот беше во вторникот кога Москва беше нападната со беспилотни летала, по минатонеделниот спектакуларен упад на украинските сили во регионот Белгород, долж украинската граница.

Руските сили, кои водат офанзива против Украина од февруари 2022 година, оваа недела извршија неколку кампањи на масовни напади врз главниот град Киев со ракети и беспилотни летала со експлозив.

Во средата гувернерот на Белгород најави почеток на евакуација на децата од две блиски населби под силен артилериски и минофрлачки оган.

„Денеска првата група од околу триста деца ќе биде испратена во Воронеж“, на околу 250 километри североисточно од Белгород, подалеку од украинската граница, изјави Вјачеслав Гладков.

Повеќе од 1.000 деца ќе бидат евакуирани во други области во наредните денови, додаде тој.

Одлуката е донесена поради „влошувањето“ на ситуацијата во таа област, која само во вторникот беше погодена од околу 260 артилериски и минофрлачки гранати, рече Гладков.

„Навистина сме загрижени за оваа ситуација. Се бомбардираат цивилни цели во Белгород“, изјави во средата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Не слушнавме ниту еден збор на осуда од Западот“, рече тој.

„Ситуацијата е навистина алармантна. Преземаме мерки“, кусо додаде Песков.

Текстот Русија ги евакуира децата од областа долж границата со Украина е превземен од А1он.