Русија: Спречивме атентат на шефот на Крим

Руската безбедносна служба ФСБ соопшти дека спречила украински обид за атентат на Сергеј Аксјонов, прорускиот лидер на Крим. Се тврди дека агент поддржан од Киев планирал да постави експлозив во автомобил паркиран на рутата што ја користел Аксјонов во градот Симферопол. Новата снимка покажува маскирани оперативци на ФСБ како приведуваат... Текстот Русија: Спречивме атентат на шефот на Крим е превземен од А1он.

Русија: Спречивме атентат на шефот на Крим

Руската безбедносна служба ФСБ соопшти дека спречила украински обид за атентат на Сергеј Аксјонов, прорускиот лидер на Крим.

Се тврди дека агент поддржан од Киев планирал да постави експлозив во автомобил паркиран на рутата што ја користел Аксјонов во градот Симферопол.

Новата снимка покажува маскирани оперативци на ФСБ како приведуваат маж во спортски панталони. Снимката беше емитувана на државната телевизија, а исто така покажува зелена торба во која се, како што се вели, елементи на експлозивна направа.

Уапсениот, прикажан со заматено лице, наводно признал дека е украински агент. Човекот е во средината на 30-тите години и влегол на Крим во јуни, соопшти ФСБ.

Текстот Русија: Спречивме атентат на шефот на Крим е превземен од А1он.