САД: Русите ја разнесоа браната, имаме доказ

Американската влада располага со разузнавачки информации кои ја обвинуваат Русија за уништувањето на џиновската брана во Украина, пишува NBC News, повикувајќи се на двајца американски и еден западен претставник како извори. Администрацијата на претседателот Џо Бајден работеше на декласификација на одредени разузнавачки информации и нивно споделување уште попладнево, објави NBC... Текстот САД: Русите ја разнесоа браната, имаме доказ е превземен од А1он.

САД: Русите ја разнесоа браната, имаме доказ

Американската влада располага со разузнавачки информации кои ја обвинуваат Русија за уништувањето на џиновската брана во Украина, пишува NBC News, повикувајќи се на двајца американски и еден западен претставник како извори. Администрацијата на претседателот Џо Бајден работеше на декласификација на одредени разузнавачки информации и нивно споделување уште попладнево, објави NBC News.

Воден порој ја проби огромната брана на реката Днепар, која ги дели руските и украинските сили во јужна Украина, потопувајќи ја воената зона и принудувајќи многу жители да избегаат. Украина ја обвини Русија за минирање на браната Нова Каховка, додека Кремљ вели дека Украина ја саботирала браната.

Разнесувањето на браната, исто така, предизвика нова загриженост за нуклеарната централа Запорожје, околу 150 километри од хидроелектраната Каховка на реките Днепар, во регионот Херсон, која обезбедува ладење за нејзините реактори. Електраната и браната се во областа окупирана од руските сили по инвазијата започната на крајот на февруари 2022 година.

Украина ја обвини Русија дека ја разнесе браната за да ја запре нејзината офанзива.

Текстот САД: Русите ја разнесоа браната, имаме доказ е превземен од А1он.