СДСМ: Скопје е пред банкрот, ВМРО-ДПМНЕ денеска на седница да одговори каде се парите

„Град Скопје, како резултат на неспособноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, има долг од три милиони евра, но има и блокирана сметка и се ближи кон целосен банкрот“, велат од СДСМ. „Најголемата единица на локалната самоуправа со убедливо најголем буџет од 100 милиони евра, ВМРО-ДПМНЕ ја доведе до состојба на... Текстот СДСМ: Скопје е пред банкрот, ВМРО-ДПМНЕ денеска на седница да одговори каде се парите е превземен од А1он.

СДСМ: Скопје е пред банкрот, ВМРО-ДПМНЕ денеска на седница да одговори каде се парите

„Град Скопје, како резултат на неспособноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, има долг од три милиони евра, но има и блокирана сметка и се ближи кон целосен банкрот“, велат од СДСМ.

„Најголемата единица на локалната самоуправа со убедливо најголем буџет од 100 милиони евра, ВМРО-ДПМНЕ ја доведе до состојба на нефункционалност и пред банкрот.

Потрошија над 100 милиони евра народни пари и го донесоа Скопје пред банкрот, а банкрот значи целосен распад на системот на Градот.

ВМРО-ДПМНЕ денеска на седница на Советот на Град Скопје посветена на актуелната финансиска состојба да одговори каде се парите.

Граѓаните се разочарани од неспособната градска власт на ВМРО-ДПМНЕ кое го има претседателот на Советот, мнозинството во Советот и мнозинството во управните и надзорните одбори на скопските јавни претпријатија.

Скопје и скопјани не заслужуваат ваква неодговорна градска власт“, соопштија од СДСМ.

Текстот СДСМ: Скопје е пред банкрот, ВМРО-ДПМНЕ денеска на седница да одговори каде се парите е превземен од А1он.