Си-Ен-Ен: Суровикин бил таен ВИП член на приватната платеничка група Вагнер

Според документите што ги видел Си-Ен-Ен, рускиот генерал Сергеј Суровикин бил таен ВИП член на приватната платеничка група Вагнер. Како што понатаму се наведува, генералот Армагедон, како што го нарекуваат Суровикина, имал дури и личен матичен број во таа група руски платеници. Да потсетиме, Суровикин не е виден во јавноста... Текстот Си-Ен-Ен: Суровикин бил таен ВИП член на приватната платеничка група Вагнер е превземен од А1он.

Си-Ен-Ен: Суровикин бил таен ВИП член на приватната платеничка група Вагнер

Според документите што ги видел Си-Ен-Ен, рускиот генерал Сергеј Суровикин бил таен ВИП член на приватната платеничка група Вагнер.

Како што понатаму се наведува, генералот Армагедон, како што го нарекуваат Суровикина, имал дури и личен матичен број во таа група руски платеници.

Да потсетиме, Суровикин не е виден во јавноста од саботата и не се знае каде е сега.

Неколку медиуми објавија дека постои сомневање дека тој е уапсен како дел од чистката што започна во Русија по бунтот што минатиот викенд го покрена основачот и водач на Вагнер, Евгениј Пригожин.

Американските медиуми дури наведоа дека Суровикин всушност бил вклучен во целата организација.

Суровикин е одликуван командант на руските воздухопловни сили, а прекарот генерал Армагедон, како што пишува, го добил поради безмилосната тактика на бомбардирање градови во Сирија.

На крајот на минатата година беше назначен за командант на руските сили во Украина.

Текстот Си-Ен-Ен: Суровикин бил таен ВИП член на приватната платеничка група Вагнер е превземен од А1он.