Силен земјотрес во Романија, почувствуван и во Србија и во Хрватска

Земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер е регистриран во Романија во 19 часот и 26 минути. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 15 километри и 11 километри оддалечен од градот Арад, каде живеат околу 169.000 жители, пишува ЕМСЦ. Засега нема извештаи за значителна штета или жртви. Романските... Текстот Силен земјотрес во Романија, почувствуван и во Србија и во Хрватска е превземен од А1он.

Силен земјотрес во Романија, почувствуван и во Србија и во Хрватска

Земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер е регистриран во Романија во 19 часот и 26 минути. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 15 километри и 11 километри оддалечен од градот Арад, каде живеат околу 169.000 жители, пишува ЕМСЦ.

Засега нема извештаи за значителна штета или жртви. Романските граѓани кои живеат во близина на епицентарот известија дека тој се почувствувал исклучително силно, дека траел десет секунди и дека биле многу исплашени.

Сведочат дека цела куќа им се тресела, мебелот се мрдал и работите паѓале од полиците.

Земјотресот го почуствувале и во српскиот главен град Белград, како и жители на делови на Хрватска и на Унгарија.

Текстот Силен земјотрес во Романија, почувствуван и во Србија и во Хрватска е превземен од А1он.