Талевски: Мицкоски да не бега, туку да каже дали е за ЕУ или е за Левица

Одговорност на сите 120 пратеници, но и на сите политички субјекти, вклучително и на Христијан Мицкоски е да дадат придонес во овој важен државнички процес. Изборот е јасен: Или напредок и интеграција во ЕУ или стагнација и изолација во прорускиот блок рече на прес конференција пратеникот на СДСМ Миле Талевски.... Текстот Талевски: Мицкоски да не бега, туку да каже дали е за ЕУ или е за Левица е превземен од А1он.

Талевски: Мицкоски да не бега, туку да каже дали е за ЕУ или е за Левица

Одговорност на сите 120 пратеници, но и на сите политички субјекти, вклучително и на Христијан Мицкоски е да дадат придонес во овој важен државнички процес. Изборот е јасен: Или напредок и интеграција во ЕУ или стагнација и изолација во прорускиот блок рече на прес конференција пратеникот на СДСМ Миле Талевски.

– Но Христијан Мицкоски со денови бега и не носи одлука дали е за ЕУ или е за останување под заложништво на проруската Левица. Мицкоски мора да престане да се крие, да излезе пред граѓаните и јасно да каже: Дали е за ЕУ или е за Левица. Христијан Мицкоски мора да има јасен и конкретен став, наместо да ги менува ставовите зависно од дневно политичките ситуации. Денес, откако по 17 години чекање конечно ги почнавме преговорите со ЕУ, откако ги надминавме сите пречки, не смееме да дозволиме самите себеси да си го блокираме патот кон Европската Унија, вели Талевски.

Текстот Талевски: Мицкоски да не бега, туку да каже дали е за ЕУ или е за Левица е превземен од А1он.