Тешко повреден 21-годишник од Скопје во сообраќајка

Вчера попладне во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Маркова Сушица, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од 23-годишниот Д.Д. од Скопје и автобус „ман“, управуван од 25-годишниот Е.Д.(25) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, извести МВР. – Во несреќата со... Текстот Тешко повреден 21-годишник од Скопје во сообраќајка е превземен од А1он.

Тешко повреден 21-годишник од Скопје во сообраќајка

Вчера попладне во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Маркова Сушица, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од 23-годишниот Д.Д. од Скопје и автобус „ман“, управуван од 25-годишниот Е.Д.(25) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, извести МВР.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото М.К.(21) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот Д.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, додаде МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Текстот Тешко повреден 21-годишник од Скопје во сообраќајка е превземен од А1он.