Тинејџерка загина, три лица се ранети во оружен инцидент во Хјустон

Во денешната престрелка во американскиот град Хјустон, една тинејџерка е убиена, а уште три лица се повредени, соопшти локалната полиција. Помошникот на началникот на полицијата во Хјустон, Вајат Мартин, изјави дека расправија довела до пукање веднаш по полноќ по локално време на улицата Западна Фукуа, пренесува Асошиетед прес. – Се... Текстот Тинејџерка загина, три лица се ранети во оружен инцидент во Хјустон е превземен од А1он.

Тинејџерка загина, три лица се ранети во оружен инцидент во Хјустон

Во денешната престрелка во американскиот град Хјустон, една тинејџерка е убиена, а уште три лица се повредени, соопшти локалната полиција.

Помошникот на началникот на полицијата во Хјустон, Вајат Мартин, изјави дека расправија довела до пукање веднаш по полноќ по локално време на улицата Западна Фукуа, пренесува Асошиетед прес.

– Се уште немаме многу детали за точниот мотив. Очигледно две групи пукале меѓусебно – рече Мартин на прес-конференцијата и додаде дека починатото е 17-годишно девојче кое требало да наполни 18 години.

Тој додаде дека три лица на возраст меѓу 18 и 20 години се хоспитализирани со повреди кои не се опасни по живот.

Текстот Тинејџерка загина, три лица се ранети во оружен инцидент во Хјустон е превземен од А1он.