Трамп тврди дека ја одложил инвазијата на Украина за неколку години

Поранешниот американски претседател и можен кандидат на новите избори следната година, Доналд Трамп тврди дека ак отој останеше претседател рускиот претседател Владимир Путин немаше да ја нападне Украина. Тој, исто така, тврди дека ја одложил руската инвазија за неколку години откако му рекол на рускиот претседател: „Немој да го правиш... Текстот Трамп тврди дека ја одложил инвазијата на Украина за неколку години е превземен од А1он.

Трамп тврди дека ја одложил инвазијата на Украина за неколку години

Поранешниот американски претседател и можен кандидат на новите избори следната година, Доналд Трамп тврди дека ак отој останеше претседател рускиот претседател Владимир Путин немаше да ја нападне Украина.

Тој, исто така, тврди дека ја одложил руската инвазија за неколку години откако му рекол на рускиот претседател: „Немој да го правиш тоа“. Трамп ова го изјави за време на интервју за десничарската американска телевизиска мрежа Фокс њуз.

„Имам многу добри односи со Путин. Мислам, не сум разговарал со него долго време, но имам многу силни односи со Путин“, рече Трамп.

Тој претходно изјави дека би ја заврши војната во рок од 24 часа.

Разговарав со него. Реков, ако го направиш тоа, ќе настане пекол кој ќе треба да се плати. Ќе биде катастрофа. Немој да го правиш тоа“.

Текстот Трамп тврди дека ја одложил инвазијата на Украина за неколку години е превземен од А1он.