Уапсен е радовишанец кој подметна пожар во зграда

Полициска патрола го уапси Б.Ѓ.(57) од Радовиш, кој се сомничи дека околу 5.40 часот подметна пожар во станбена зграда лоцирана на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш, во кој биле опожарени влезни врати од осум станови, ходниците и една разводна табла за електрична енергија. По интервенција на територијалната противпожарна единица Радовиш... Текстот Уапсен е радовишанец кој подметна пожар во зграда е превземен од А1он.

Уапсен е радовишанец кој подметна пожар во зграда

Полициска патрола го уапси Б.Ѓ.(57) од Радовиш, кој се сомничи дека околу 5.40 часот подметна пожар во станбена зграда лоцирана на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш, во кој биле опожарени влезни врати од осум станови, ходниците и една разводна табла за електрична енергија.

По интервенција на територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, повредени лица нема, а увид на местото извршиле инспектор од Дирекција за заштита и спасување и екипа од ОВР Радовиш.

При лишувањето од слобода кај Б.Ѓ. биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело, а такви предмети биле пронајдени и во неговиот дом. Истиот бил задржан во полициска станица во Радовиш и со него бил извршен службен разговор при што го признал делото.

За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и во текот на денот лицето ќе биде изведено пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Текстот Уапсен е радовишанец кој подметна пожар во зграда е превземен од А1он.