Уапсениот Урош Вукашиновиќ е задржан во притвор: Обвинет е за напад врз новинари на Косово

На Урош Вукашиновиќ, Србинот од Косово кој во понеделникот беше уапсен во Лепосавиќ за наводен напад врз новинари, му е одреден 30-дневен притвор, потврди за Танјуг неговиот адвокат Небојша Влајиќ. Вукашиновиќ обвинителството го товари за нападот врз новинарите што наводно се случил на 16 јуни. Урош Вукашиновиќ во понеделникот беше... Текстот Уапсениот Урош Вукашиновиќ е задржан во притвор: Обвинет е за напад врз новинари на Косово е превземен од А1он.

Уапсениот Урош Вукашиновиќ е задржан во притвор: Обвинет е за напад врз новинари на Косово

На Урош Вукашиновиќ, Србинот од Косово кој во понеделникот беше уапсен во Лепосавиќ за наводен напад врз новинари, му е одреден 30-дневен притвор, потврди за Танјуг неговиот адвокат Небојша Влајиќ.

Вукашиновиќ обвинителството го товари за нападот врз новинарите што наводно се случил на 16 јуни.

Урош Вукашиновиќ во понеделникот беше уапсен од членови на косовскaта полицајци во цивил кога одеше на работа, а како што соопшти директорот на Управата за Косово, Петар Петковиќ, еден од полицајците управувал возило со таблички „КМ“.

За напад на новинари обвинети се и Немања Влашковиќ и Далибор Спасиќ, кои беа уапсени деновиве.

Текстот Уапсениот Урош Вукашиновиќ е задржан во притвор: Обвинет е за напад врз новинари на Косово е превземен од А1он.