Украина: Напредуваме, но Русија е моќен непријател

Високиот украински функционер Серхи Лешченко денеска ја коментираше украинската контраофанзива, велејќи дека „не е лесно“. Лешченко, кој работи како советник на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, за Би-Би-Си изјави дека „Украина постигна одреден напредок“ во источниот регион Донбас, додавајќи дека Русија е „моќен противник кој има големи... Текстот Украина: Напредуваме, но Русија е моќен непријател е превземен од А1он.

Украина: Напредуваме, но Русија е моќен непријател

Високиот украински функционер Серхи Лешченко денеска ја коментираше украинската контраофанзива, велејќи дека „не е лесно“. Лешченко, кој работи како советник на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, за Би-Би-Си изјави дека „Украина постигна одреден напредок“ во источниот регион Донбас, додавајќи дека Русија е „моќен противник кој има големи количини муниција“.

„Тој факт ги ескалира конфликтите на други фронтови“, додаде советникот од кабинетот на Володимир Зеленски. Лешченко додаде дека Украинците „сега разбираат дека Русите не се само непријатели, туку и луѓе кои дошле во Украина да уништат сè“.

Лешченко ја нарече „најголемата лага на 21 век“ тезата на рускиот претседател Владимир Путин, кој тврди дека војната ја започнал за да ги брани жителите на Донбас.

Текстот Украина: Напредуваме, но Русија е моќен непријател е превземен од А1он.