Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Закрепнувањето на папата Франциско по операцијата оди добро, но лекарите го советувале утре да не им се обраќа на верниците од болничкиот балкон, за да се избегне напнатост. Серџо Алфиери, главен хирург во болницата Џемели каде што папата беше опериран пред неколку дена, рече дека 86-годишниот папа ги прифатил сугестиите... Текстот Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата е превземен од А1он.

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Закрепнувањето на папата Франциско по операцијата оди добро, но лекарите го советувале утре да не им се обраќа на верниците од болничкиот балкон, за да се избегне напнатост.

Серџо Алфиери, главен хирург во болницата Џемели каде што папата беше опериран пред неколку дена, рече дека 86-годишниот папа ги прифатил сугестиите на лекарот.

Папата Франциско се согласи и со препораките на лекарите да остане во болница најмалку уште една недела.

Поглаварот на Римокатоличката црква во средата беше подложен на тричасовна операција поради абдоминална хернија.

Текстот Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата е превземен од А1он.