ВИДЕО: Алармантни снимки од навлегување вода во рудниците во Бор

Градоначалникот на Бор и командант на Штабот за вонредни состојби во Србија, Александар Миликиќ денеска прогласи вонредна состојба на целата територија на градот, а по увидот на теренот на граѓаните им порача дека нема место за паника и страв. На социјалните мрежи се шират видеа од рудникот за бакар Велики... Текстот ВИДЕО: Алармантни снимки од навлегување вода во рудниците во Бор е превземен од А1он.

ВИДЕО: Алармантни снимки од навлегување вода во рудниците во Бор

Градоначалникот на Бор и командант на Штабот за вонредни состојби во Србија, Александар Миликиќ денеска прогласи вонредна состојба на целата територија на градот, а по увидот на теренот на граѓаните им порача дека нема место за паника и страв.

На социјалните мрежи се шират видеа од рудникот за бакар Велики Кривељ во Бор, кој беше поплавен од огромен порој.

„Ситуацијата ја имаме под контрола, флотационите јаловишта се стабилни, а колекторот на Кривељска Река успева да ја прифати целата вода“, вели управителот на рудникот за бакар Бор (РББ), Видоје Адамовиќ.

Тој додаде дека, без оглед на многуте проблеми што ги предизвикаа енормните врнежи, ситуацијата е под контрола.

Текстот ВИДЕО: Алармантни снимки од навлегување вода во рудниците во Бор е превземен од А1он.