ВИДЕО: Американскиот претседател Џо Бајден го напушти студиото пред да се одјави емисијата

Американскиот претседател Џо Бајден ја напушти програмата во живо пред водителката да ја одјави емисијата и да почнат рекламите. Камерите сè уште беа вклучени кога Бајден одеднаш стана, се ракуваше со водителката Никол Валас, која му се заблагодари што и дал интервју, а потоа неспретно замина, објави Њујорк пост. „Не... Текстот ВИДЕО: Американскиот претседател Џо Бајден го напушти студиото пред да се одјави емисијата е превземен од А1он.

ВИДЕО: Американскиот претседател Џо Бајден го напушти студиото пред да се одјави емисијата

Американскиот претседател Џо Бајден ја напушти програмата во живо пред водителката да ја одјави емисијата и да почнат рекламите.

Камерите сè уште беа вклучени кога Бајден одеднаш стана, се ракуваше со водителката Никол Валас, која му се заблагодари што и дал интервју, а потоа неспретно замина, објави Њујорк пост.

„Не одете никаде“, им рече Валас на гледачите на MSNBC додека Бајден излегуваше, одејќи директно зад неа.

Не е вообичаено гостите да ја напуштаат информативната емисија пред водителот да објави пауза во програмата, односно реклами.

Видеото од заминувањето на Бајден, очигледно несвесно дека програмата е во живо, стана вирално.

Што побогу прави Џо Бајден? Тоа е ТВ во живо, напиша поранешниот член на Републичкиот национален комитет Стив Гест на Твитер.

Медиумскиот и политички консултант Џим Фаф изјави на Твитер:

„О Боже, Џо Бајден е навистина изгубен“.

Текстот ВИДЕО: Американскиот претседател Џо Бајден го напушти студиото пред да се одјави емисијата е превземен од А1он.