(ВИДЕО) Борба со поплави и свлечишта во Србија: Се урна уште еден мост

Во 52 града и општини во Србија е прогласена вонредна состојба поради силното невреме и порјоните дождови кои направија огромни штети. За 24 часа се евакуирани 217 лица. Патиштата се оштетени, водата однесе мостови и предизвика одрони. Pukao most na Zapadnoj Moravi koji je spajao Slatinu i Mrčajevce! pic.twitter.com/S4yWHwbH1n —... Текстот (ВИДЕО) Борба со поплави и свлечишта во Србија: Се урна уште еден мост е превземен од А1он.

(ВИДЕО) Борба со поплави и свлечишта во Србија: Се урна уште еден мост

Во 52 града и општини во Србија е прогласена вонредна состојба поради силното невреме и порјоните дождови кои направија огромни штети. За 24 часа се евакуирани 217 лица. Патиштата се оштетени, водата однесе мостови и предизвика одрони.

Мостот на Западна Морава, кој ги поврзува чачачките села Мрчајевце и Слатина, рано утринава беше целосно уништен пред поројните дождови и обилните врнежи од дожд кои го зафатија Чачак и неговата околина.

Најкритично е во околината на Краљево, а со водената стихија се борат речиси во сите делови на централна и западна Србија. Водата го однесе мостот на Ибарската магистрала во Адране кај Краљево, па сообраќајот на тој дел од автопатот е во прекин. Поплавниот бран се движи кон Куршумлија, Прокупље и Дољевац.

Текстот (ВИДЕО) Борба со поплави и свлечишта во Србија: Се урна уште еден мост е превземен од А1он.