(ВИДЕО) Континуирани инвестиции во училиштата низ Аеродром: Се уредува дворот и околината на ООУ „Блаже Конески“

Инвестициите за подобрување на училишната инфраструктура во Аеродром продолжуваат во основното училиште „Блаже Конески“, каде Општина Аеродром со поддршка на родителите и општествено-одговорни компании започна со уредување на дворот и околината на училиштето. На почетокот на оваа година беше реконструиран дел од внатрешниот простор, а со тековните инвестициски активности дечињата... Текстот (ВИДЕО) Континуирани инвестиции во училиштата низ Аеродром: Се уредува дворот и околината на ООУ „Блаже Конески“ е превземен од А1он.

(ВИДЕО) Континуирани инвестиции во училиштата низ Аеродром: Се уредува дворот и околината на ООУ „Блаже Конески“

Инвестициите за подобрување на училишната инфраструктура во Аеродром продолжуваат во основното училиште „Блаже Конески“, каде Општина Аеродром со поддршка на родителите и општествено-одговорни компании започна со уредување на дворот и околината на училиштето.

На почетокот на оваа година беше реконструиран дел од внатрешниот простор, а со тековните инвестициски активности дечињата ја добиваат првата еко-училница за настава на отворено, како и нови летниковци, клупи, павер елементи и хортикултурно уредување.

Континуираните инвестиции кои ги реализираме се директна поддршка за подигнување на квалитетот на образовниот процес. Модерно образование, со соодветни услови за одвивање на образованиот процес е цел на која сме сериозно фокусирани. Заедно и со здружени сили, им овозможуваме на најмладите подобри услови за спорт, рекреација и образование.

Текстот (ВИДЕО) Континуирани инвестиции во училиштата низ Аеродром: Се уредува дворот и околината на ООУ „Блаже Конески“ е превземен од А1он.