(ВИДЕО) Поради шумските пожари во Канада: Чад и загаден воздух е опасност за 55 милиони луѓе

Загадувањето од шумските пожари кои беснеат низ Канада со недели зафатија големи делови од Северна Америка, каде што се издадени предупредувања за високоризичен квалитет на воздухот за повеќе од 55 милиони луѓе. Чадот од пожарите ги прекри големите градови во Онтарио и Квебек, вклучително и Торонто и околните области. Чадот... Текстот (ВИДЕО) Поради шумските пожари во Канада: Чад и загаден воздух е опасност за 55 милиони луѓе е превземен од А1он.

(ВИДЕО) Поради шумските пожари во Канада: Чад и загаден воздух е опасност за 55 милиони луѓе

Загадувањето од шумските пожари кои беснеат низ Канада со недели зафатија големи делови од Северна Америка, каде што се издадени предупредувања за високоризичен квалитет на воздухот за повеќе од 55 милиони луѓе. Чадот од пожарите ги прекри големите градови во Онтарио и Квебек, вклучително и Торонто и околните области. Чадот стигна до Њујорк и Конектикат, каде што квалитетот на воздухот беше класифициран како „нездрав“.

Голем дел од чадот доаѓа од Квебек, каде во моментов горат 160 пожари. Environment Canada вчера го издаде своето најстрого предупредување за Отава, класифицирајќи го квалитетот на воздухот во канадскиот главен град како „многу висок ризик“ за здравјето на луѓето. Во Торонто и околните области, квалитетот на воздухот е класифициран како „висок ризик“.

Официјални лица во Филаделфија ги повикаа жителите да останат во затворени простории и да избегнуваат напорни активности на отворено, а државните училишта во Њујорк и Вашингтон ги откажаа активностите на отворено поради лошиот квалитет на воздухот, пишува Си-Ен-Ен.

Текстот (ВИДЕО) Поради шумските пожари во Канада: Чад и загаден воздух е опасност за 55 милиони луѓе е превземен од А1он.