(ВИДЕО) Русија: Украина го нападна нашиот брод кој го штити гасоводот во Црното Море

Русија тврди дека Украина неуспешно се обидела да нападне брод на руската морнарица со шест поморски беспилотни летала додека рускиот брод патролирал над големите гасоводи во Црното Море, пренесува Ројтерс. Бродот Приазовје вршеше, како што соопшти руското Министерство за одбрана, „набљудување на ситуацијата и обезбедување безбедност по трасите на гасоводот“... Текстот (ВИДЕО) Русија: Украина го нападна нашиот брод кој го штити гасоводот во Црното Море е превземен од А1он.

(ВИДЕО) Русија: Украина го нападна нашиот брод кој го штити гасоводот во Црното Море

Русија тврди дека Украина неуспешно се обидела да нападне брод на руската морнарица со шест поморски беспилотни летала додека рускиот брод патролирал над големите гасоводи во Црното Море, пренесува Ројтерс.

Бродот Приазовје вршеше, како што соопшти руското Министерство за одбрана, „набљудување на ситуацијата и обезбедување безбедност по трасите на гасоводот“ кој преку Црното Море извезува гас во Турција, а потоа и во Европа. Овој гасовод ја заобиколува Украина.

Нападот бил оддалечен околу 300 километри од седиштето на руската флота во Севастопол.

Во моментот на нападот, американскиот дрон RQ-4 Global Hawk се наоѓал во централното подрачје на Црното Море, соопшти руското Министерство за одбрана.

Текстот (ВИДЕО) Русија: Украина го нападна нашиот брод кој го штити гасоводот во Црното Море е превземен од А1он.