ВИДЕО: Татко монструм од Охајо ги наредил трите сина и ги убил, полицијата затекнала хорор во дворот

Тројца браќа, на возраст од седум, четири и три години, се убиени од нивниот татко, а мајката е ранета во нивниот дом во Охајо соопшти полицијата. Чад Дорман признал дека ги наредил неговите три мали сина и ги егзекутирал со пушка во нивниот дом – додека неговата преплашена ќерка Алексис... Текстот ВИДЕО: Татко монструм од Охајо ги наредил трите сина и ги убил, полицијата затекнала хорор во дворот е превземен од А1он.

ВИДЕО: Татко монструм од Охајо ги наредил трите сина и ги убил, полицијата затекнала хорор во дворот

Тројца браќа, на возраст од седум, четири и три години, се убиени од нивниот татко, а мајката е ранета во нивниот дом во Охајо соопшти полицијата.

Чад Дорман признал дека ги наредил неговите три мали сина и ги егзекутирал со пушка во нивниот дом – додека неговата преплашена ќерка Алексис побегнала, врескајќи дека „ги убива сите“, соопштија обвинителите.

Едно од момчињата се обидело да побегне во блиското поле пред неговиот татко „да го фати“, да го одвлече назад во куќата и потоа да го убие, рекоа обвинителите додека го детализираа синџирот на настани за време на судењето на Доерман.

Полицијата објави снимка од камерата која била на телото на еден од полицијаците кои дошле на местот на натанот и го затекнале Дорман како седи во дворот покрај убиените деца.

„Ова е убедливо најстрашното, најстрашното злосторство што сум го видел“, изјави обвинителот на округот Клермон, Марк Текулве пред судот, според VKRC-TV.

„Можам само да замислам каков ужас го почувствуваа и доживеаја овие момчиња додека нивниот татко – нивниот заштитник – ги уби“, додаде тој.

Полицијата добила бројни повици од соседите на семејството кои крајно вознемирено го пријавувале злосторството.

Текстот ВИДЕО: Татко монструм од Охајо ги наредил трите сина и ги убил, полицијата затекнала хорор во дворот е превземен од А1он.