(ВИДЕО) Украина: Водиме тешки битки во Донецк, ги држиме позициите кај Бахмут

Највисоката воена команда на Украина денеска соопшти дека нејзините сили биле ангажирани во тешки борби на првите точки на удар, еден ден откако Киев соопшти дека ги постигнал првите скромни успеси во враќањето на територијата од Русија во нејзината контраофанзива. Дваесет и пет битки се случиле во текот на изминатиот... Текстот (ВИДЕО) Украина: Водиме тешки битки во Донецк, ги држиме позициите кај Бахмут е превземен од А1он.

(ВИДЕО) Украина: Водиме тешки битки во Донецк, ги држиме позициите кај Бахмут

Највисоката воена команда на Украина денеска соопшти дека нејзините сили биле ангажирани во тешки борби на првите точки на удар, еден ден откако Киев соопшти дека ги постигнал првите скромни успеси во враќањето на територијата од Русија во нејзината контраофанзива.

Дваесет и пет битки се случиле во текот на изминатиот ден во близина на источниот град Бахмут и на југ кај Авдивка и Маринка, сите во регионот на Донецк, но и кај Билохоривка во областа Луганск, соопшти Генералштабот на украинските вооружени сили.

Ројтерс, исто така, објави дека Украина во неделата соопшти дека нејзините трупи напредуваат во три села во Доњецк: Блаходатне, Нескучне и Макаривка.

Тврдењата не можеа да бидат независно проверени и руските официјални лица веднаш не коментираа.

Некои истакнати руски воени блогери посочија дека се водат борби за Макаривка додека украинските сили ги окупирале Блаходатне и Нескучне.

На социјалните мрежи се појавија видеа од украинските сили за кои се тврди дека покажуваат оти уште ги држат позициите кај Бахмут.

Украина доцна вчера соопшти дека нејзините војници повторно зазеле три села окупирани од руските сили во југоисточниот дел на земјата, прво ослободени откако Киев ја започна контраофанзивата оваа недела.

Војниците подигнаа украинско знаме на уништена зграда, тоа може да се види на непроверено видео објавено од 68-та борбена бригада, во која се вели дека е во селото Благодатне во регионот на Доњецк.

„Ги гледаме првите резултати од контраофанзивните дејствија, локализирани резултати“, изјави на телевизија Валери Шершен, портпарол на украинскиот воен сектор Таврија.

Текстот (ВИДЕО) Украина: Водиме тешки битки во Донецк, ги држиме позициите кај Бахмут е превземен од А1он.