(ВИДЕО) Вучиќ: Курти од првиот ден има само една цел – крвопролевање

„Курти од првиот ден има само една цел – крвопролевање. Во последните три дена и слеп можеше да види што се подготвува. Курти е единствениот виновен за се што се случува“, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ во своето вонредно обраќање. „Две возила на РОСУ останаа опкружени со Срби, Србите... Текстот (ВИДЕО) Вучиќ: Курти од првиот ден има само една цел – крвопролевање е превземен од А1он.

(ВИДЕО) Вучиќ: Курти од првиот ден има само една цел – крвопролевање

„Курти од првиот ден има само една цел – крвопролевање. Во последните три дена и слеп можеше да види што се подготвува. Курти е единствениот виновен за се што се случува“, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ во своето вонредно обраќање.

„Две возила на РОСУ останаа опкружени со Срби, Србите закачија знаме и напишаа 4S, но не извршија никакво насилство“, рече тој.

„Србите предложија КФОР да се замени со специјалци на РОСУ, да се повлечат лажните градоначалници, а РОСУ може да остане. На Србите не им пречеше КФОР. Командантот на КФОР рече дека разбира и дека ќе пренесе, но тие ги условија сите да ги ослободат двете оклопни возила до РОСУ бидејќи нивните специјалци се плашат од Србите. Србите не се согласија на тоа“, рече тој.

„Почнаа да ги удираат во меѓуножјето, главата, ги удираа, ги клоцаа, ги влечеа… Припадник на РОСУ клекнува и пука со калашников во правец на Србите кои се повлекуваат и одзади го погодува Драгиш Гаљак. Два куршуми го погодија. Во тој момент почнува одговорот, Србите со камења и на сите други начини. На неколку места се фотографирани снајперисти. Повредени се 52 Срби, побарале помош во КБЦ Косовска Митровица, тројца од нив се тешко повредени“, изјави Вучиќ.

Текстот (ВИДЕО) Вучиќ: Курти од првиот ден има само една цел – крвопролевање е превземен од А1он.