(ВИДЕО) Западот згрозен од украинската тактика: Ова е самоубиство

„Вооружените сили на Украина избраа самоубиствена тактика против Русија во нивните офанзивни обиди“. Ова го пишува порталот „Азија тајмс“, повикувајќи се на неименуван европски офицер. Анонимен извор на порталот смета дека неодамнешниот неуспех на украинските војници е поврзан со резултатите од британската обука. Full video https://t.co/juB3Sp546C pic.twitter.com/ZVmBqIvhOV — ayden (@squatsons)... Текстот (ВИДЕО) Западот згрозен од украинската тактика: Ова е самоубиство е превземен од А1он.

(ВИДЕО) Западот згрозен од украинската тактика: Ова е самоубиство

„Вооружените сили на Украина избраа самоубиствена тактика против Русија во нивните офанзивни обиди“.

Ова го пишува порталот „Азија тајмс“, повикувајќи се на неименуван европски офицер.

Анонимен извор на порталот смета дека неодамнешниот неуспех на украинските војници е поврзан со резултатите од британската обука.

„Ако сакате да тргнете во офанзива и имате десетина бригади и неколку десетици тенкови, ги концентрирате и се обидувате да се пробиете. Украинците одат во пет различни насоки. Се обидовме да им кажеме да престанат со овие неповрзани тактики, да го одредат главниот правец на напад со соодветна пешадиска поддршка и потоа да направат што можат“, рече неименуваниот офицер.

Друг извор се повика на веста дека украинската страна загубила околу 40 тенкови поради акциите на руските сили. „Украинците се обидоа тоа да го изведат во стилот „Гудеријан“, вели тој, мислејќи на пробивот на германскиот генерал Хајнц Гудеријан во Седан за време на битката за Франција во 1940 година.

„Сепак, Гудеријан имаше 3.000 тенкови, а овие идиоти ги загубија 30-те што ги имаа. И без воздушна супериорност – тоа е самоубиствена мисија“, рече тој.

Командантот на групата руски сили на правецот Запорожје, генерал-полковник Александар Романчук на 8 јуни објави дека украинските сили изгубиле до 350 луѓе и над 30 тенкови, вклучително и три „леопарди“, за време на обидот за офанзива.

Текстот (ВИДЕО) Западот згрозен од украинската тактика: Ова е самоубиство е превземен од А1он.