Во Србија поради поплавите прогласена е вонредна состојба во 35 градови и општини

Борбата со излеаните реки и потоци во Србија и проблемите што ги носат пороите не престанува. Пожарникарите и спасувачите се на терен низ целата држава. Прогласена е вонредна состојба во 35 градови и општини. Водата го однесе мостот на Ибарската магистрала во местото Адрани кај Краљево, така што дел од... Текстот Во Србија поради поплавите прогласена е вонредна состојба во 35 градови и општини е превземен од А1он.

Во Србија поради поплавите прогласена е вонредна состојба во 35 градови и општини

Борбата со излеаните реки и потоци во Србија и проблемите што ги носат пороите не престанува. Пожарникарите и спасувачите се на терен низ целата држава. Прогласена е вонредна состојба во 35 градови и општини.

Водата го однесе мостот на Ибарската магистрала во местото Адрани кај Краљево, така што дел од автопатот кон Чачак е во прекин. Во прекин синоќа беше и стариот пат за Чачак, но сега е прооден.

Поради големите врнежи утрово непроодни се патните правци Рековац-Трстеник и Мрчајевци-Краљево кај градот Адрани, соопштија од Јавното претпријатие „Патишта Србија“. Како што е наведено, до Краљево се стигнува преку обиколницата на општинскиот пат преку селата Милоча и Сирча.

Патиштата кои беа непроодни сега се повторно во функција, но бараат поголема внимателност и побавно возење додаваат од „Патишта на Србија“.

Автомобилскиот сојуз на Србија соопшти дека обилните врнежи се уште можат да предизвикаат застој во сообраќајот и вонредни нарушувања, особено во вториот дел од денот кога за многумина завршува работната недела, а сообраќајот се зголемува.

Метеоролозите очекуваат поголемо количество врнежи во источните, централните и југоисточните делови на Србија, кои на патиштата во овие области, особено во планинските предели, покрај реките и низ усеците, каде што може да има одрони и излевање на поројни води, па возачите треба да бидат подготвени да реагираат на непредвидени опасности во секој момент.

Текстот Во Србија поради поплавите прогласена е вонредна состојба во 35 градови и општини е превземен од А1он.