(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Во полициска станица во Мичиген: Камерата ја сними тортурата врз уапсен млад човек

Надзорна камера го сними вознемирувачкиот момент кога полицаец од Мичиген претепа приведен тинејџер. На видеото се гледа како полицаец во станица во предградието на Детроит фаќа млад човек за коса и го удира со лицето на подот. Полицијата објави снимка од надзорот и рече дека полицаецот Метју Родригез (48) е... Текстот (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Во полициска станица во Мичиген: Камерата ја сними тортурата врз уапсен млад човек е превземен од А1он.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Во полициска станица во Мичиген: Камерата ја сними тортурата врз уапсен млад човек

Надзорна камера го сними вознемирувачкиот момент кога полицаец од Мичиген претепа приведен тинејџер. На видеото се гледа како полицаец во станица во предградието на Детроит фаќа млад човек за коса и го удира со лицето на подот.

Полицијата објави снимка од надзорот и рече дека полицаецот Метју Родригез (48) е суспендиран и обвинет за напад и намерно занемарување на должноста.

Полицискиот комесар Вилијам Двајер го нарече инцидентот „тажен и вознемирувачки“ за секој член на полициските сили.

Текстот (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Во полициска станица во Мичиген: Камерата ја сними тортурата врз уапсен млад човек е превземен од А1он.