Вучиќ за бунтот во Русија: Секоја чест за Лукашенко, но Путин реши се

Српскиот претседател Александар Вучиќ во гостувањето на Пинк го коментираше вчерашниот вооружен бунт на членовите на приватната воена компанија Вагнер. „Им се восхитувам на луѓето кои секогаш треба да реагираат во моментот кога нешто ќе се случи и секогаш знаат сè“, рече тој. „Србија никогаш нема да поддржи државен удар,... Текстот Вучиќ за бунтот во Русија: Секоја чест за Лукашенко, но Путин реши се е превземен од А1он.

Вучиќ за бунтот во Русија: Секоја чест за Лукашенко, но Путин реши се

Српскиот претседател Александар Вучиќ во гостувањето на Пинк го коментираше вчерашниот вооружен бунт на членовите на приватната воена компанија Вагнер.

„Им се восхитувам на луѓето кои секогаш треба да реагираат во моментот кога нешто ќе се случи и секогаш знаат сè“, рече тој.

„Србија никогаш нема да поддржи државен удар, државен удар во ниту една земја. Власта се менува на избори, со јасно изразена волја на граѓаните. Ова не е настан што нема да остави последици и за ситуацијата на бојното поле во Украина и за внатрешната политичка ситуација. Мислам дека тоа ќе има длабоки и тешки последици“, додаде тој.

Тој е убеден дека нема дилема дека во се е вмешан странски фактор.

„Како претседател, не сакам да зборувам за тоа кој учествува однадвор, но не се сомневајте. Кога Пригожин вели „добро, тоа не се мотиви за војна, војната е непотребна“… Можете да видите дека никој не прави длабинско истражување. За разлика од мнозинството кои мислат дека „планината се затресе, се роди глушец“, мислам дека тоа ќе има сериозни последици“, истакна тој.

„Путин зборуваше за Првата светска војна, не знам колку знаат гледачите, дека Русија не загуби во Првата Светска војна. Имаа неколку дивизии, но тешката ситуација внатре и странските служби кои го нарушија единството во Русија, доведе до немири во земјата. И покрај обидот на Керенски да ги сврти работите во успешна битка во јуни 1917 година, избувна Октомвриската револуција, која доведе до деценија уништување на се што е православно и деценија уништување на економијата“ продолжи тој.

Вучиќ рече и дека ситуацијата е решена исклучиво благодарение на претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Секоја чест за Лукашенко, но Путин го заврши ова“, вели Вучиќ.

Тој не сакаше да одговори на прашањето како потенцијалното слабеење на Путин ќе се одрази на Србија.

Текстот Вучиќ за бунтот во Русија: Секоја чест за Лукашенко, но Путин реши се е превземен од А1он.