Жителите на Слупчане се уште го блокираат влезот: Ќе го платиме долгот кон ЕВН, но не и каматите

Трет ден по ред екипите на ЕВН не можат да влезат во село Слупчане поради блокадите на локалните жители кои дури им се закануваа по живот додека се обидуваа да започнат со работни активности за реконструкција и модернизирање на мрежата. Толпа од 200 жители на организиран начин го блокираа влезот... Текстот Жителите на Слупчане се уште го блокираат влезот: Ќе го платиме долгот кон ЕВН, но не и каматите е превземен од А1он.

Жителите на Слупчане се уште го блокираат влезот:  Ќе го платиме долгот кон ЕВН, но не и каматите

Трет ден по ред екипите на ЕВН не можат да влезат во село Слупчане поради блокадите на локалните жители кои дури им се закануваа по живот додека се обидуваа да започнат со работни активности за реконструкција и модернизирање на мрежата.

Толпа од 200 жители на организиран начин го блокираа влезот на селото и не им дозволуваа на екипите на ЕВН да работат.

Наводно, жителите биле подготвени да си ги платат долговите кон ЕВН, но не и каматата на каматата, како и да им се простат долговите на семејствата со социјална помош.

Демонстрантите бараат однапред да се инвестира во електричната мрежа и да се намали цената на струјата за домаќинства.

Блокирани се и влезовите на село Оризаре и село Ваксинце, а мештаните најавија дека блокадите ќе продолжат и во следните денови.

“Сѐ додека корисниците не дозволуваат да се работи, ќе се соочуваат со прекини во снабдувањето и сериозни дефекти како резултат на контуинирани кражби и злоупотреби во мрежата. Дефектите ќе се отстрануваат само доколку се создадат нормални услови за работа.” информираат од ЕВН.

Оттаму дека ваквите реконструкции на мрежата се потребни за да се подобрат напонските прилики и да се овозможи точно мерење на потрошената електрична енергија на корисниците во селото за да во иднина не се соочуваат со дефекти.

Вкупните годишни загуби поради кражбите во село Слупчане изнесуваат над 1 милион евра, односно околу 6 GWh. Процентуално, 80% од годишната потрошена енергија се краде, а само третина од 20% фактурираната енергија се напплаќа.

Текстот Жителите на Слупчане се уште го блокираат влезот: Ќе го платиме долгот кон ЕВН, но не и каматите е превземен од А1он.