Зверев го скрши жилавиот Јари, Агут го нокаутира Медведев

Денешниот турнир во Хале донесе многу интересни натпревари,а домашната публика секако може да биде задоволна, бидејќи нивниот миленик го совлада Чилеанецот Николас Јари. Резултатот беше 2:0, во сетови 7:5 6:3. Многу квалитетна партија на Зверев, кој игра добар тенис уште од Ролан Гарос каде стигна до четвртфиналето. Клучен детал за... Текстот Зверев го скрши жилавиот Јари, Агут го нокаутира Медведев е превземен од А1он.

Зверев го скрши жилавиот Јари, Агут го нокаутира Медведев

Денешниот турнир во Хале донесе многу интересни натпревари,а домашната публика секако може да биде задоволна, бидејќи нивниот миленик го совлада Чилеанецот Николас Јари. Резултатот беше 2:0, во сетови 7:5 6:3.

Многу квалитетна партија на Зверев, кој игра добар тенис уште од Ролан Гарос каде стигна до четвртфиналето. Клучен детал за целиот натпревар беше 12. гем кога Јари целосно падна. Неговиот сервис престана, Зверев го искористи тоа и поведе со 1:0.

Ваквиот епилог од првиот сет очигледно влијаеше на продолжението на мечот и на играта на Јари. Чилеанецот не успеа да се опорави, а Зверев повторно го искористи и со ран брејк го скрши отпорот на противникот.

Зверев во следната фаза од турнирот ќе игра против Казахстанецот Александар Бублик.

Натпреварот кој исто така привлече внимание го одиграа Даниил Медведев и Роберто Баутиста Агут. Изненадувачки победник беше Шпанецот кој победи со 2:0, во сетови 7:5 7:6 (7:3).

Данил Медведев важеше за фаворит, но денеска наиде на многу расположениот Агут. Шпанецот апсолутно доминираше во текот на целиот натпревар и што е најважно мајсторски ги одигра главните поени.

Во следната фаза од турнирот Агут ќе игра против подобриот од дуелот Грикспор/Рубљов.

Текстот Зверев го скрши жилавиот Јари, Агут го нокаутира Медведев е превземен од А1он.