Трет пораз на македонските одбојкарки во Европската сребрена лига

Македонската женска одбојкарска репрезентација го претрпе третиот пораз во Европската сребрена лига, откако вечерва во Скопје загуби од Естонија со максимални 3-0 во рамки на третото коло во Групата А. Во натпревар кој ефективно траеше 72 минути, македонските одбојкарки лесно ги препуштија воведните два сета (10-25, 14-25), а достоен отпор... Текстот Трет пораз на македонските одбојкарки во Европската сребрена лига е превземен од А1он.

Трет пораз на македонските одбојкарки во Европската сребрена лига

Македонската женска одбојкарска репрезентација го претрпе третиот пораз во Европската сребрена лига, откако вечерва во Скопје загуби од Естонија со максимални 3-0 во рамки на третото коло во Групата А.

Во натпревар кој ефективно траеше 72 минути, македонските одбојкарки лесно ги препуштија воведните два сета (10-25, 14-25), а достоен отпор пружија во завршниот сет кој Естонија го реши во своја корист со 25-20.

Во воведните две кола македонските одбојкарки претрпеа порази на домашен терен од Австрија и Летонија со идентични 3-0.

Претходно денеска во првиот натпревар од третото коло во групата А, Австрија ја совлада Летонија со 3-1.

За избраничките на македонскиот селектор Стефан Пауновиќ следуваат три натпревари во Европската сребрена лига на гостински терен, против Естонија (10 јуни), Летонија (14 јуни) и Австрија (17 јуни).

Текстот Трет пораз на македонските одбојкарки во Европската сребрена лига е превземен од А1он.