Голманот на ПСЖ се разбуди од кома во која заврши откако падна од коњ: Работите се подобруваат

Голманот на францускиот шампион ПСЖ, Серхио Рико се разбудил од кома и неговата состојба е многу подобра, објавија шпанските медиуми. Пред повеќе од еден месец, додека јаваше во Андалузија, Рико падна од коњот и заврши во кома. „Благодарам на болницата и на персоналот што се однесува неверојатно, не само кон... Текстот Голманот на ПСЖ се разбуди од кома во која заврши откако падна од коњ: Работите се подобруваат е превземен од А1он.

Голманот на ПСЖ се разбуди од кома во која заврши откако падна од коњ: Работите се подобруваат

Голманот на францускиот шампион ПСЖ, Серхио Рико се разбудил од кома и неговата состојба е многу подобра, објавија шпанските медиуми.

Пред повеќе од еден месец, додека јаваше во Андалузија, Рико падна од коњот и заврши во кома.

„Благодарам на болницата и на персоналот што се однесува неверојатно, не само кон Серхио, туку и кон сите пациенти. Навистина им благодарам и благодарам на Бога, на сите што ни испратија многу сила, да продолжиме напред. Малку по малку, работите се подобруваат. Од самиот почеток знаев дека ќе се опорави е дека е голем шампион“, објави неговата сопруга Алба Силва.

Серхио Рико по будењето не зборувал, но го препознал семејството и реагирал на нивното присуство.

Текстот Голманот на ПСЖ се разбуди од кома во која заврши откако падна од коњ: Работите се подобруваат е превземен од А1он.