Изненади со својата одлука

Австралискиот репрезентативец – Арон Френк Мој, иако има само 32 години, донесе неочекувана одлука да стави крај на професионалната кариера. Искусниот играч за врска имаше уште една година од договорот со шкотскиот Селтик, но верува дека сега е вистинското време да ги „закачи копачките на ѕид“. „Иако е навистина тажно... Текстот Изненади со својата одлука е превземен од А1он.

Изненади со својата одлука

Австралискиот репрезентативец – Арон Френк Мој, иако има само 32 години, донесе неочекувана одлука да стави крај на професионалната кариера.

Искусниот играч за врска имаше уште една година од договорот со шкотскиот Селтик, но верува дека сега е вистинското време да ги „закачи копачките на ѕид“.

„Иако е навистина тажно што го напуштам фудбалот, чувствувам дека е вистинското време. Среќен сум што ја завршив кариерата на толку висока ниво со Селтик. Бев воодушевен што бев дел од една ваква незаборавна сезона. Играњето за мојата земја е нешто што исто така го сакав и секако дека ќе ми недостига репрезентацијата на меѓународно ниво“, изјави Мој.

Покрај гореспоменатиот Селтик, тој ги носеше и дресовите на екипите – Болтон, Ст. Мирен, Вестерн Сиднеј, Мелбурн Сити, Манчестер Сити, Хадерсфилд, Брајтон, Шангај.

За австралиската репрезентација дебитираше во 2012 година и одигра вкупно 57 натпревари на кои постигна седум гола.

Текстот Изненади со својата одлука е превземен од А1он.