На 46 години од срцев удар почина поранешен репрезентативец на Белгија

Поранешниот репрезентативец на Белгија, Седрик Русел, почина на 46-годишна возраст од срцев удар во саботата попладне. Локалните медиуми јавуваат дека поранешниот играч на Ковентри починал на својата тераса, во родниот Монс. Брзата помош не успеала да го спаси. Расел имаше долга играчка кариера во која играше во Стандард, беше член... Текстот На 46 години од срцев удар почина поранешен репрезентативец на Белгија е превземен од А1он.

На 46 години од срцев удар почина поранешен репрезентативец на Белгија

Поранешниот репрезентативец на Белгија, Седрик Русел, почина на 46-годишна возраст од срцев удар во саботата попладне.

Локалните медиуми јавуваат дека поранешниот играч на Ковентри починал на својата тераса, во родниот Монс. Брзата помош не успеала да го спаси.

Расел имаше долга играчка кариера во која играше во Стандард, беше член и на Гент, Ковентри, Вулверхемптон, Генк, Рубин од Казан, Бруше и многу други белгиски клубови.

– Ковентри Сити е со длабока тага кога слушна за смртта на нашиот поранешен напаѓач на само 45-годишна возраст. Седрик одигра 43 натпревари за небесносините од 1999 до 2001 година и постигна 11 гола. Нашето сочувство до неговото семејство и пријателите во овој многу тажен момент – се вели на официјалниот Твитер профил на Ковентри.

Текстот На 46 години од срцев удар почина поранешен репрезентативец на Белгија е превземен од А1он.