Хаос во Прага: Навивачите на Фиорентина уништија се пред себе, има и повредени

Во Прага на стадионот „Фортуна Арена“ се игра финалето од Конференциската лига меѓу Фиорентина и Вест Хем. Неколку илјади италијански и англиски навивачи пристигнаа во Прага, а според извештаите на прашката полиција, неколку часа пред почетокот на натпреварот настанал вистински хаос на улиците, а имало и повредени. Во нередите на... Текстот Хаос во Прага: Навивачите на Фиорентина уништија се пред себе, има и повредени е превземен од А1он.

Хаос во Прага: Навивачите на Фиорентина уништија се пред себе, има и повредени

Во Прага на стадионот „Фортуна Арена“ се игра финалето од Конференциската лига меѓу Фиорентина и Вест Хем. Неколку илјади италијански и англиски навивачи пристигнаа во Прага, а според извештаите на прашката полиција, неколку часа пред почетокот на натпреварот настанал вистински хаос на улиците, а имало и повредени.

Во нередите на навивачките групи приведени се 15 хулигани, а ултраси на Фиорентина облечени во црно ги нападнале навивачите на „Чеканите“ во кафеана во центарот на Прага, соопшти чешката полиција.

Во инцидентот повредени се тројца навивачи на Вест Хем и еден полицаец.

Повеќе од 20 илјади навивачи на Вест Хем се во Прага, а многумина немаат билети.

Прашката полиција повика засилување и неколку стотици дополнителни полицајци патролираат низ градот во случај да избијат нови немири.

Текстот Хаос во Прага: Навивачите на Фиорентина уништија се пред себе, има и повредени е превземен од А1он.