(ВИДЕО) Дете во Англија го однесе ветрот додека беше во топка, заврши во болница

Дете (9) во Ливерпул, кое беше во зорб топка, од силниот ветер беше однесено во воздух. Деветгодишното момче зорбираше за време на фестивалот за храна и пијалоци во Саутпорт во Мерсисајд. Зорбинг е екстремен вид на спорт или рекреација измислен во Нов Зеланд во кој луѓето се движат во топка... Текстот (ВИДЕО) Дете во Англија го однесе ветрот додека беше во топка, заврши во болница е превземен од А1он.

(ВИДЕО) Дете во Англија го однесе ветрот додека беше во топка, заврши во болница

Дете (9) во Ливерпул, кое беше во зорб топка, од силниот ветер беше однесено во воздух. Деветгодишното момче зорбираше за време на фестивалот за храна и пијалоци во Саутпорт во Мерсисајд.

Зорбинг е екстремен вид на спорт или рекреација измислен во Нов Зеланд во кој луѓето се движат во топка направена од полупроѕирна пластика.

Момчето со хеликоптер беше пренесено во детската болница Алдер Хеј по инцидентот. Тој се здоби со повеќе повреди кои не се опасни по живот.

„Дуваше силен ветер и ја изнесе топката со момчето од вода. Зорбот потоа падна на кофата и пукна, а момчето падна на подот“, рече еден од сведоците на настанот, пренесува Дејли мејл.

Текстот (ВИДЕО) Дете во Англија го однесе ветрот додека беше во топка, заврши во болница е превземен од А1он.