Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

Случајот „Феникс“ кој беше објавен вчера уше еднаш покажа дека ДПМНЕ е криминална партија која безмилосно го пљачкала народот под превезот на таканаречениот патриотизам, рече мартин Костовски, пратеник на СДСМ. Поранешниот премиер и сега почесен претседател на ДПМНЕ, Никола Груевски, неговата десна рака Зоран Ставревски, екс министерската Елизабета Канчевска –... Текстот Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ е превземен од А1он.

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

Случајот „Феникс“ кој беше објавен вчера уше еднаш покажа дека ДПМНЕ е криминална партија која безмилосно го пљачкала народот под превезот на таканаречениот патриотизам, рече мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Поранешниот премиер и сега почесен претседател на ДПМНЕ, Никола Груевски, неговата десна рака Зоран Ставревски, екс министерската Елизабета Канчевска – Милеска, двајца градоначалници од редовите на ДПМНЕ се товарат дека го оштетеле државниот буџет за 16 милиони евра, преку спомениците во проектот Скопје 2014.

Цела недела од незаконски стекнатиот Бел дворец ги прозиваа независните судски органи, повикуваа на оставки, а денес кога на површина излегува нов криминал на ДПМНЕ, никаде ги нема.

Вчерашниот предмет е уште еден доказ дека Скопје 2014 е мегакриминален проект чија реализација имаше за цел богатење на одредена група луѓе околу Груевски.

Замислете, група од ДПМНЕ перела пари, преку грбот на македонскиот народ, но и преку грбот на великанот Гоце Делчев, преку Александар Македонски, преку Цар Самоил, преку Гемиџиите..

Дали по вчерашниот последен случај Христијан Мицкоски ќе поднесе оставка затоа што е лидер на криминална партија за чии функционери постојано се отвораат предмети за сторен криминал, праша Костовски.

Текстот Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ е превземен од А1он.