Кралот на племето Зулу во болница, има сомнеж дека е отруен

Кралот на племето Зулу бил итно пренесен во болница поради сомневање дека е отруен. Мисузулу Казвелитини (48) на тронот е помалку од една година. Блиските на кралот рекоа дека неговиот советник ненадејно починал. Малку подоцна, на кралот му се слошило. Казвелитини одби лекување во Јужна Африка. Тој сега се наоѓа... Текстот Кралот на племето Зулу во болница, има сомнеж дека е отруен е превземен од А1он.

Кралот на племето Зулу во болница, има сомнеж дека е отруен

Кралот на племето Зулу бил итно пренесен во болница поради сомневање дека е отруен. Мисузулу Казвелитини (48) на тронот е помалку од една година.

Блиските на кралот рекоа дека неговиот советник ненадејно починал. Малку подоцна, на кралот му се слошило.

Казвелитини одби лекување во Јужна Африка. Тој сега се наоѓа во Свазиленд.

Кралот на племето Зулу нема формална политичка моќ и неговата улога е повеќе церемонијална. Но, во јужноафриканското општество тој останува исклучително влијателна личност. Неговите роднини на суд го оспоруваат неговото искачување на тронот. Тие тврдат дека тој не е вистинскиот наследник на неговиот татко.

Текстот Кралот на племето Зулу во болница, има сомнеж дека е отруен е превземен од А1он.