Македонски автор застапен во српска стрип-антологија

Неодамна во Студентскиот културен центар во Белград, Србија, беше промовирана најновата книга од едицијата „Линии на фронот“ во која со свој стрип е застапен и македонскиот автор Владо Николовски од Скопје. Се работи за десетта книга од серијалот стрип-антологии на теми од Првата светска војна што, во соработка со Францускиот... Текстот Македонски автор застапен во српска стрип-антологија е превземен од А1он.

Македонски автор застапен во српска стрип-антологија

Неодамна во Студентскиот културен центар во Белград, Србија, беше промовирана најновата книга од едицијата „Линии на фронот“ во која со свој стрип е застапен и македонскиот автор Владо Николовски од Скопје. Се работи за десетта книга од серијалот стрип-антологии на теми од Првата светска војна што, во соработка со Францускиот институт во Белград и Министерството за култура и информирање на Србија, ги издава белградската издавачка куќа „Моро“ ДОО / „Систем комикс“.

„Овој серијал достигна голем критички и комерцијален успех во земјата и регионот, како и во Франција. Културолошката и историската, а и социјалната, уметничката и книжевната вредност на овие стрипови ги поместува границите во денешното технолошко опкружување и ги инспирира читателите да дознаат повеќе преку нивниот образовен карактер“, пишуваат од издавачот по повод излегувањето на публикацијата.

Едицијата „Линии на фронтот“ е започната во 2014 година, по повод одбележувањето на стогодишнината од Првата светска војна. Во досега објавените десет публикации учествувале над 50 истакнати стрип-автори од Србија и од регионот. Покрај Николовски, со свои стрипови во нив биле застапени и македонските автори Александар Стеванов од Штип, Дарко Богданов од Виница, Иво Николов од Скопје и Јован Секулоски од Охрид.

Текстот Македонски автор застапен во српска стрип-антологија е превземен од А1он.