Напад со нож во Кливленд, ранети тројца полицајци

Тројца полицајци се ранети во напад со нож откако се појавиле во куќа поради безбедносна проверка во американската сојузна држава Охајо. Полицијата на Кливленд била повикана на местото на инцидентот во градот Билингем, откако добила повик за проблематичен возрасен маж, пренесе „Мирор“. Кога пристигнале на местото на настанот затекнале маж... Текстот Напад со нож во Кливленд, ранети тројца полицајци е превземен од А1он.

Напад со нож во Кливленд, ранети тројца полицајци

Тројца полицајци се ранети во напад со нож откако се појавиле во куќа поради безбедносна проверка во американската сојузна држава Охајо.

Полицијата на Кливленд била повикана на местото на инцидентот во градот Билингем, откако добила повик за проблематичен возрасен маж, пренесе „Мирор“.

Кога пристигнале на местото на настанот затекнале маж со нож кој ги нападнал.

Двајца од нив се здобиле со убодни рани, а третиот бил расечен.

Тие се префрлени во болница каде им била укажана лекарска помош.

За инцидентот во петокот е уапсен 34-годишен маж кој со полесни повреди е пренесен во болница.

Текстот Напад со нож во Кливленд, ранети тројца полицајци е превземен од А1он.